Македонскиот БДП со раст од 3% годинава и 3,5% во 2015

Bez autora
May 27 2014

Економски раст од 3% годинава, што е трет во регионот по Косово и Црна Гора за Македонија предвидува Светска банка во најновиот редовен полугодишен економски извештај за Југоисточна Европа. Со економски раст од 3,5% Македонија ќе ја има највисоката позиција во регионот и следната година, заедно со Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Во првата половина на 2013 година Македонија имаше најсилен раст и заврши со втората највисока стапка на раст. Најголем двигател на растот беше закрепнувањето на индустриите, во комбинација со доста добрата земјоделска година. За во иднина проектираме доста силен раст во 2014 година, меѓутоа зајакнувањето на структурните реформи би било важно за да се одржи долгорочниот раст.

Македонскиот БДП со раст од 3% годинава и 3,5% во 2015Економски раст од 3% годинава, што е трет во регионот по Косово и Црна Гора за Македонија предвидува Светска банка во најновиот редовен полугодишен економски извештај за Југоисточна Европа. Со економски раст од 3,5% Македонија ќе ја има највисоката позиција во регионот и следната година, заедно со Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

- Во првата половина на 2013 година Македонија имаше најсилен раст и заврши со втората највисока стапка на раст. Најголем двигател на растот беше закрепнувањето на индустриите, во комбинација со доста добрата земјоделска година. За во иднина проектираме доста силен раст во 2014 година, меѓутоа зајакнувањето на структурните реформи би било важно за да се одржи долгорочниот раст. Структурните реформи може да бидат поврзани со зајакнување на извозниот сектор, бидејќи ова ќе биде клучниот двигател на растот во иднина - вели Доерти Доемеланд, економист од канцеларијата на Светска банка во Скопје, додавајќи дека за одржливост на растот неопходно е и зголемување на вештините на учесниците на пазарот на трудот, бидејќи, како што рече, фирмите имаат тешкотии да најдат луѓе со соодветни вештини.

Според Доемеланд потребно е и да се зајакнат врските помеѓу извозниот сектор и домашната економија преку подобрување на деловното опкружување. За големата невработеност кај младите, која е изразена во цела Европа, а особено во Босна и Херцеговина каде достигнува рекордни околу 60% од вкупното работоспособно население, според неа решение се исто така структурните реформи, односно подобрување на деловната клима за да се зајакне побарувачката и да се понудат стимулации за фирмите, да се зголеми побарувачката за работна сила и да се ангажираат работници. Во тој контекст, таа советува нашата држава во иднина да инвестира во вистинскиот вид образование, со цел младите да поседуваат вештини кои им се потребни на фирмите.

Како ризик по проектираниот раст Доемеланд ги посочува намалувањето на побарувачката од Европската унија, како и растот на цената на нафтата. Според неа, Македонија во однос на другите земји од регионот е во доста добра позиција по прашањето на јавниот долг.

Во извештајот, презентиран вчера од Сараево се наведува дека економиите во Југоисточна Европа (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија) полека закрепнуваат од рецесијата, со позитивни изгледи за раст но и ризици. Елен Голдстин, директор за Југоисточна Европа во Светска банка, потенцира дека овој извештај со прогнозите за економски раст е изготвен пред поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, а какво ќе биде нивното влијание врз економиите на државите се уште не се знае. Извештајот за регионот на ЈИЕ предвидува раст од 1,9% годинава и 2,6% следната година, благодарение на растечката надворешна побарувачка. Најмал раст се очекува да оствари Србија, со 1% годинава и 1,5% во 2015 година. Се оценува дека нивото на нефункционалните кредити од околу 20% во регионот е високо, а дознаките од странство се во опаѓање, што пак е еден од факторите кои влијаат на пад на домашната потрошувачка.

Приходите во земјите од Југоисточна Европа се 30% од приходите во ЕУ, па се проценува дека за да се фати чекорот, под претпоставка дека европската економија ќе расте со 1% годишно, во регионот растот треба да изнесува 6%.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik